дупи несв.

дупи (несв.)

Има ги, има - мачат се, копат, копачи копат по темнината, копачи копат и тунел дупат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Оди ти, Доцо, дупи си прстите цело зимо, а Бојанка ќе ѝ навре утре готова алова кошулка и ќе си и облече дечињата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Ете така, Неше. Првен ќе дупиш на платното без конец.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Гладот, немаштијата, ограбената земја од туѓи и домашни сајбии како остен ги дупеа и ги гонеа во туѓина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се џарам занесено во очите на учителот, а Васе ме дупи со коленото и се врти кон прозорецот. Се вртам и јас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А денеска ќе чисти за сметка на едниот изгорен, се разбира бадијала за да си направи пат до својот ѕид каде ќе дупи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
11. ГО ДУПИШ СО ОСТЕН, А ТОЈ ВЕЛИ ТРН МИ ВАДИШ - каде ли се сѐ зачекорува со таква здрава нога?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„Не седи Џемко слободен... Кавурска пушка не дупи...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неоти него не го дупи куршум? — почна да ги насрчува кога ги виде замислени, а во себе и сам се запраша: „Зар може навистина да не го фаќа куршум како што се слуша?“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ранетите чекаат да се заврти сестрата, а потоа да се испразнат во кофата; поздравите со нож дупат дупки на вагонот да гледаат кај се оди и низ нив чишкаат; милосрдната сестра чека да се стемни во вагонот за да се олесни и таа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Во сите времиња било така”, вели слепиот Тимон: „кај дупи парата, не дупи бургијата...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- На папагалите Гањо, под рака, Македонија ја води на дупење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Детето е веќе тргнато, чука на врата. Дупи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сонцето печеше, дупеше како сврдел во главата. На здодевноста и немаше крај.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Издржи уште малку, велат, и дупат во ногата, ми ја гребат коската.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дупат и ти ја вулат снагата. Ама, кој те слуша што кажуваш!...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нè тераа да вршиме трње, вели, боси нè тераа да трчаме по трњето, вели, оптежи, приврши, те удираат, те дупат, јаго, јаго, а крв ти капе од стапалата, оптежи, приврши, нè сакатија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тој навистина, додека Онисифор Проказник со уште двајца отишол да го земе скриеното оружје на оној бег и на неговите измеќари со кои се колеле во куќата на немата Ганка пред да влезат во Лесново, седнал под стар орев и умрел говорејќи, зачудо смирено и без страв, дека не умира од старост, дека на дружината крлешки ѝ се залепила црна чума или проклета утеха: болката го одбрала него за да ги предупреди дека ни најумниот не е достатно силен да ја победи: злото ни секира го сече, ни нож го дупи, ни можеш да го зграпчиш за уши и да го урнеш од карпа в бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК