дувка несв.

дувка (несв.)

Дувка ветер и шумолат гранки, пуплат дрвја, цутат сливи ранки, орач в ниви бисер семе сее, бисер сее мила песна пее: „Мина, горо, млад Делчев војвода!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ви се јавува и сосема заборавена работа, некогаш малечко трнче што ви влегло во босата нога, помните како мајка со игличка полецка го молкне и, за да не ве боли, непрестајно дувка со уста својата душа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Знаеш дека машка уста ти дувка во вратот и тоа од место те поткрева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дувкаше околу половина час, а потоа целиот предел пак се смируваше, веќе оладен и свеж.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ветерот од морската широчина тивко дувкаше, неколку бели галеби бараа пристан на морскиот брег.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)