дремне св.

дремне (св.)

- Знаеш што рекол еден штурец и тоа во доцните часови по полноќ кога го замолиле преморените штурци да замолкне за да дремнат малку и тие?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека траеше растоварувањето на сандаците и товарувањето на ранетите, крадевме од времето за да дремнеме, да исправиме нозе и грб. И назад.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК