дремеж м.

дремеж (м.)

Под звуците на неговата волшебна виолина тонат во сладок дремеж бубачките, пеперутките, шареноглавите цветчиња и сиот мирен полски свет.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Вие сте фино возбуден и лесно возбудлив поет, со водени очиња подуени од книжевни пијанства, шетате навечер со рацете во џебови, свиркате, го дразните малото курче, умирате од убавина во догматски дремеж и во лигави рими и од совршено жабја перспектива, ни давате до знаење како се чувствувате и какви планови имате со светот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ритамот на ресторанските оркестри на далечните отворени тераси го полнеше свежиот воздух на градот, разбуден по целодневниот дремеж на жешкиот ден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Единствената причина што врагот, кој толку ја мразеше работата што сестрата на Иван еднаш добро го искара затоа што нема плуски на дланките, се согласи и понатаму да ѝ аргатува на дуријата, лежеше во неговото очајничко решение да го истера моралниот дремеж што се закануваше да го надвие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)