драм (м.)

Ела ти, бре Стојане! Само гледај од секој да скусиш, десетина драма! Чу ли? (Стојан го заменува Зафира).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Море, тој што ги пушти во рисјанска вера, немал ни драм ум во главата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој имаше обичај да почне одоздола со ред, од Балевото анче и до крај до Петка Спасев да тргне по едно дваесетипет, та до дома ќе му се стореше таман сто драма и доста му беше како на стар човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само рачишта и газишта имате, а ум ниту драм.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)