драматичен прид.

драматичен (прид.)

Писарот ја премести капата над чело и како артист, со раширени раце и подадена нога, драматично зашумоли со сета своја рибја крв: - Ова е, молам, навреда за законот, за државата. Јас не дозволувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не ја натераа на тоа познатите драматични настани, туку некое необично чувство што ја обземаше додека лежеше на своето легло од сено, во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Анализирајќи го сето тоа од денешна перспектива, од една временска дистанца која не е толку мала, ние можеме со сигурност да тврдиме дека репортерските записи на Никола Кирков влегуваат како интегрална составка на драматичните општествени, социолошки и културни процеси на времето што е мотив на овие новиварски анализи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
8) Напишете две страни (или повеќе) некој драматичен исечок (дел од приказна), служејќи се со предмети, предели, временски состојби итн., за да ги истакнете особеностите на двата карактера, како и односите меѓу нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Токму тие пукнатини во животот ми изгледаат интересни, белините, понекогаш драматични, некогаш не.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Драматичното движење, острото делување на шокот поради необичните композициски решенија ги прават имитаторите на природата ограничени ситничари.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Иако ова може да звучи драматично, сепак не е крај на светот: едновремено е тажно и среќно, одвратно и привлечно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Драматичноста на сегашната ситуација ги брише реперите: денес е невозможно да се биде релативист; пропаста повторно ја роди потребата од апсолутна вистина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
До полноќ, гужвата драматично се зголемува и, судејќи според зениците проширени како чинии, некои од овие луѓе ја земаат својата втора или трета доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Доволното количество вода што го испив на после­дна­та чешма ми ја раздвижи крвта низ дамарите, доволно да ме соочат не само со драматичната ситуција во која се најдов, туку и да ме наведат на мисли кои сигурно произлегуваа од силната доза на страдање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вечерата траеше долго. До полноќ. Беа драматични, пресвртни времиња.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Според повеќемина во семејството, не биле толку драматични самата преселба и животот во туѓина, колку што била неизвесна судбината на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во времето кога го одбивав второто парче месо, стравот за мојот стомак драматично се зголеми, што се одрази со повторен бран препотување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Единствените пукнатини во високите бедеми на дистанца со која Елен Лајбовиц систематски се оградува од сите обиди за какво било вовлекување во Твојата лична или професионална приказна можат да се забележат исклучително во писмата што таа Ти ги испраќа во текот на драматичните летни месеци во 2001, кога во Македонија се води војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаше уште една драматична минијатура на која тешко навикнував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Токму затоа суверената моќ е апсолутна на границата, а патниците поседуваат „само основни човекови права загарантирани со меѓународните конвенции и драматично ограничени национално изведени права“.29 29 Ibid., p. 38. 29 3.2.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сигурно и за Арафат, во драматичните настани кои се вестеа во неговото парче на Палестина, средбата со мене во Париз беше епизода подложна на брз заборав, кога непосредните интереси не притискаат!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе