дразба ж.

дразба (ж.)

Проучувајќи го, забележа дека таа појава се јавува под дејство на надворешни дразби: кога ќе чуе во сон дека реката му бучи, станува и оди на реката: влегува во неа да се капи; при допирот со водата, се буди, се исплашува и се враќа назад в кревет; понекогаш ќога ќе го чуе кучето да лае, станува, го одврзува и шета со него; кога чкрта прозорецот од ветер, му се чини дека е на лулашка и се ниша на креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На масата пред мене, заради ваквите цртежи исцртувани во часовите на немоќ за јасна мисла и точен збор, се собираа купишта листови и сето тоа подоцна ми создаваше дразба, некој вид иритација, а на целата соба тие чкртаници ѝ даваа изглед на растуреност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Живиот човек не е ништо поинаков од оние кучињата на научникот Павлов: познатите дразби во него будат импулси за акција, додека непознатите го збунуваат и го дезориентираат...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Неподносливото тропкање на пинг-понг топчето (сега веќе убедена дека тој звук доаѓа токму од тој предмет и од ниеден друг), продолжуваше, а јас станував сѐ почувствителна на неговата дразба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дали можеме уште да ја наречеме и дразба која ги струга сите можни агли на сопствената визија за она што сме и што треба да бидеме?!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК