дофатлив прид.

дофатлив (прид.)

Но тој насмев остануваше наполу, замрзнат, зачуден, со одвај дофатлив израз на навреденост и збунетост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така создадов необична и невообичаена сопоставеност од портокалова, тиркизна, скерлетно пламена и златно ореолска боја и ги насликав женствено оние чија аура е видима трите ангелски лица трите посланика на искушението и гласот дури го насликав: 'Не кревај рака врз чедото свое!' Така сите бои со сите облици во вид на жиг на Светиот Дух (ни мој, ни не-мој) ги втиснав на дрвена плоча, пресувана стрпливо и грамотно небаре испосник за да опстане со силата на пречистата мисла, оти и мислата е светлост, и топлина, и магнетизам, енергија - сѐ на сѐ! и заедно, во возвишен, а за Окото дофатлив облик, ги склопив!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Токму во тој период во Татковиот живот се појави Климент Камилски со својата месијанска библиотека и со својата комплексна и тешко дофатлива и одгатлива личност со цел да го спасува Балканот од погрешните идеи во минатото и сегашноста во сите области на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој не беше задоволен од можните синоними, верувајќи дека тој секогаш крие и нешто друго, со тешко дофатливо целосно значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)