дотрае св.
дотраен прид.

дотрае (св.)

Крсте не дотраа, пак се испули кон нив и пак боцнат од невидливото шило, ја заврте главата, и пак му даде зорт на магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го слушаме капетанот, вреска силно и наострено, а крај него толкувачот, што го довеле од некаде, преведува: - Трпението дотраа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Толе не можеше да дотрае, а да не види каков ќе изгледа Ѓорче како мариовец, та в зори отиде кај него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Значи: сврши и со него. Траја и дотраја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не дотраја, не дочека да види дека научив да делкам, и дека не треба од срам да ме продава на ѓупци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш не дотрајав: - Прашајте однадвор, велам, ако знам ќе ви кажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас не можам да дотраам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вардиш, ама не можеш секаде да дотраеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сонцето си прави шари на масата меѓу нас, а жената не може да дотрае.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чуствувам повеќекратно исцрпен. Во сржта на моето тело тлее еден очај од кој чуствувам како одвнатре се топам и истечувам, дотрајувајќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога светот на нашите патријархалци дотраја и ги премина сите мерки во истрајувањето на својот закостен и мртов животен конструкт, тие не пронајдоа сила за мирен премин од својот патријархален во новиот (кибернетички) век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа овците ги истрижи, најпрвин ја испра волната, па ни изнаплете чорапи, џемпери на сите во куќата, зашто сѐ што имавме беше дотраено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)