дорасне св.

дорасне (св.)

- Мал си, Онисифоре. Си раснел, не си дораснал да ми бидеш господ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бев дораснат да сфатам дека суровоста е правдина на обесправени луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не постоеше лукавство на кое тој не му беше дораснат, не постоеше опасност што тој не можеше да ја предвиди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да зборуваме право, за долги не бев ни дораснат: останав малечок не по годините, кусо петле, и тоа претставуваше за мене извор на тешки душевни страдања, за кои нема овде да расправам, дека не ми е ни сега мило да си ги спомнувам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А не се ни трудев да си ги научам студентите како да ја изговорат репликата, се разбира – предметот не ми беше геј- верзија ниту на Пигмалион ниту на Мојата красна леди и не бев некој геј- професор Хенри Хигинс, што зел да ги учи разните Елизи Дулитл од Ен Арбор како да му дораснат на геј- кругот – иако на крајот предавав за карикатурата и се трудев да ги изведам нејзините импликации, како што правам и тука. ‌А какви се тие импликации?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никаков транскрипт не може да ѝ дорасне на изведбата на Еперсон (слики 17–18). Но, еве, колку што можам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)