доплати св.

доплати (св.)

А кога Брајан од Витолишча, Стојко од Полчишта и други сиромаси немаа да доплатат, тој им ја даваше стоката и без пари, на вересија и му наредуваше на Мечето да запише во тевтерот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тргна од бег до бег да бара на заем од кого пет, од кого десет лири, лажејќи секаде, дека купил нива на Чанишко и треба утре да му ја доплати за да го земе сенетот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега се прашувам: дали згрешив? Ако згрешив, на кој свет и век јас ќе ги доплатам моите гревови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А ете, Марша го поттикна. Го разбуди. Му доплати на адвокатот. Се поздрави со него. Си замина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)