допишување ср.

допишување (ср.)

Поминаа две години во такво допишување. Повеќе од две години.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Подоцна, тој пак замина назад во манастирот, но веќе со мајка му имаше редовно допишување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Може ли поетот, откако ја запишал (или напишал) песната, да ја остави меѓу своите ракописи, да го одлага, свесно и потсвесно, речиси да го одбегнува, со години, навраќањето на неа, повторното читање нејзино, допишувањето?
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Се знаевме само преку Интернет допишувањата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)