доминантен прид.

доминантен (прид.)

Огромна е железничката станица која зафаќа доминантно место на „Монпарнас“ и која со својата својстсвена современа архитектура многу се разликува од старовременскиот амбиент.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас би сакал, но не како книжевен критичар, да се задржам на доминантните идеи–теми кои произлегуваат од ова искуство и кои блескаат во ова дело.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа е љубопитност за тоа како работите можат да бидат поинакви, љубопитност за тоа што се наоѓа зад тотализирачките приказни на индивидуата за животот, и надвор од доминантните индивидуални и интерперсонални практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Книгоиздателствата му се традиционално повеќе наклонети на романот отколку на пократките прозни форми, така што веќе од педесеттите состојбите се менуваат и расказот веќе не е доминантниот облик на фантастичната книжевност во Соединетите држави.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како и да е, има навистина премногу слоеви за читање кај Гринавеј („Бебето на Макон“, на пример, може да се сфати и како филм кој медитира над фамозното транс-историско непријателство меѓу иконофилите и иконофобите?!), но тонот на апокалипсата секогаш е доминантен, не давајќи му кој знае колку простор на, од друга страна сепак прекрасно рафинираниот хумор на Гринавеј, многу суптилно ужлебен меѓу „литерарното“ и филмското”; сарказмот, велам, сепак доминира и често дотура прав врз и онака распаднатите кулиси на еден одамна умрен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Доминантно самопонижувачко раскажување би можело да ги засени другите настани кои во себе носат поголема можност за разрешување на проблемот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Основните димензии можат, значи, да се посматраат и како доминантни координати на вредносните определби во популацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како алтернатива тој ги сугерира „погрешните или залажувачките верувања“ кои произлегуваат „не од интересите на некоја доминантна класа туку од материјалната структура на општеството како целина.“ (Eagleton 1991,30) (3).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Третата премиса е дека разговорите кои што се потребни да се разреши оваа дилема се попречени бидејќи (а) доминантните говорници во групата која разговара го забрануваат дијалогот за проблемот; или (б) постојат надворешни пречки (како што се политички притисок, закана со насилство во семејството, културна или верска дејност), кои јасно забрануваат разговор во врска со дилемата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејзиното потпирање врз француската феминистичка теорија открива една философска наклоност која ја споделуваат полските и екс-југословенските феминистички интелектуалци, и е сведоштво за една философска ориентација поинаква од онаа која е доминантна во Соединетите Држави.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Индивидуата која заклучува дека “само-занемарувањето” имало големо влијание на нејзината/нејзиниот живот (претходна доминантна тема) може да дојде до заклучок дека промените на алтернативното ниво на акција одразува дека тој/таа се ангажирала во “проектот на само-поддршка” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Првите три поглавја на Серловата студија содржат критика на доминантните погледи во филозофијата на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Номадство Сите живееме во општества во кои номадскиот начин на живот станува доминантна вредност, бидејќи вреднос­тите со кои располагаме сѐ повеќе можат да се пренесуваат, па така сѐ помалку сме врзани за одредена средина, а со тоа и сѐ помалку сме неподвижни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како гледате на постоечката состојба на социологијата? Во својата доминантна форма, социологијата произлезе од лажното ветување дека таа би можела да им помогне на менаџерите на јавниот, економски и политички живот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Треба да се потсетиме дека во тој момент американската култура и уметност беа доминантни; да се почувствува нов европски дух надвор од Турин или Дизелдорф беше огромно откритие и нешто што му даваше нова надеж на нашиот стар континент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пасивен консумент на реалноста Вештини на електронска реалност Се конформира со доминантниот Креира сопствен животен стил културен животен стил Конвенционално морален и Сензуален- сензитивен неморален Управува со сопствениот мозок; Избегнува мозочни промени; ги психоделичен прифаќа културалните модели Пасивен електронски консумент Електронски комуникациски вештини; кибернетичен
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојано ви говорат за доминантниот култ. - Доминантен! Господа, не го разбирам тој збор, морате да ми го објасните. Се мисли ли на затирачкиот култ?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќе