дол (м.)

Во тие неколку дни Силјан го испрошетал сето поле Прилепско и извидел секое долче и ритче.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ти изгреваш на далеку — да ли еднаш ќе изгрееш силно, силно, дури милно над долови и над гори над полиња и над реки над мојата татковина?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ел - Тепе в облак надвишил чело, шумоли тивко низ гора лист, мирисат росни цвеќиња в долој, ромори поток ко солза чист...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Орач в замав ќе посее ниви, - бело цутје ќе закити гранки, ќе загукат голабите сиви, - ќе оживат долови и странки.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ој, Вардаре, бистра водо, течи, шуми низ долови, рони карпи и брегови, носи маки и јадови.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Попот го остави сандачето и ѝ ги даде на Бисера клучевите од куќата, и торбата на рамо — се загна горе Жиовски дол, со надеж дека ќе ги втаса општинските управници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше сигурен:ја минаа шумичката и од еден скоро непреоден дол, заштитен со боцкави змии на густо збиени капини, излегоа пред студен рид, нем и пуст како тајна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Планините раснат, се напрегаат да ги кренат острите грби, сакаат да видат кој чекори, над длабоката модрина на долот, чиј е страшниот извик нечовечен и нејасен, што станува во оваа стуштена и матносребреста наквечерина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се спушти во долот скржаво обрастен со папра, почувствува дека нозете не го слушаат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оние од Сатока што останаа живи не се вратија веќе во изгореното и испустено селце; но останаа во долот каде што беа засолнети од опасноста и го нарекоа своето ново село Бежиште – куртулиште.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Одоздола, влечејќи се по долчињата, настапуваа Германците.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Целата природа се будеше. Поточето во долот жубореше некаква нова мелодија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А пролетнот ветер го разнел семето по доловите и ридиштата, по целата земја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поминало некое време, недела ли, две ли, и врвел чичко Данчо, така се вика син му на дедо Иван, низ еден дол, и нешто тешко му смрдело, разбираш, не се дишело...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Волчешкото завивање повремено доаѓаше од северната страна, од долот меѓу Грамадна и Чукарот, и се чинеше засилено и доближено, од што во кошарата веќе се чувствуваше вознемиреност на добитокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јован и Толе го пресекоа долот и на мракот ја прејдоа Црна кај Скаклевите воденици.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петко убаво го слушаше Ушка, но молчејќи си го продолжи својот пат за дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Калк аша, једилер бу ќопеклер бизе анани... ана! ) Толе изрипа од стената и се спушти надолу, белким ќе може да го јавне барем овој што вика тука пред него, но од големиот дим го изгуби од очи, та дури по некоја минута можеше да слушне тропање од човечки нозе што бегаа долу долот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пресекна водата по урнатите греди по долот камењето лута во глув губиден.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Повеќе