доликува несв.

доликува (несв.)

Сакам само да знам дека ќе го чуваш како што доликува, дека ќе живееш достоен живот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Оди си спокојно на училиште. Ќе ја испратам јас како што ѝ доликува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Рекле дека ќе побараат од некој гратски владика друг поп, онаков каков што им доликува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Од непознати далечини“, спокојно и строго а така и им доликува на умните, вели вториот раскажувач: „Да го истопи мразот на земјичкава за еден нов живот, за овој нашиов.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кажувај, - ми нареди строго и со значаен призвук во гласот, како што им доликува на мажите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во такви часови, додека лазарски се исправувале со нејасни радувања, очите им се изострувале како и што им доликува на умните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Крстен е. Ќе го закопаме како што му доликува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Море, ајде магла оттука, препушти му го местото некому кому тоа му доликува!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сите велат дека таа работа не ми доликува.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ама, одгласот на некогашното заречување ќе му дојуреше како неканет гостин, ќе му сржеше: „Внимавај, не ти доликува тоа!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во прво време секако треба да стигне вест во Македонија дека дедото Костадин, кој им овозможи на многумина да се вратат во дирата на дедовците, е веќе кај дедо Господ и ич да не се сакалдисува баба Петра оти на тој свет е испратен со сите почести, дури и со биење на камбана како што доликува во христијанскиот свет!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Уште се сеќавам на некои фрази од нејзиниот говор што не му доликуваа на девојче, туку на старица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И таа негова смиреност, што не беше нималку слична на неговото однесување кога порано се гледаа во присуство на Атиџе, и таа го издаваше бегот: знаеше тој, знаеше зошто се тие тука, и бидејќи се беше обезбедил, покажуваше сега расположение што не му доликуваше на неговото убаво лице.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Фала му на светиот дух, не мора повеќе да го слушам она папагалско повторување veni, vidi - vici ... кое ни мене не ми доликува - повторно помисли Мо.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како што доликува, пораката беше уредно потпишано и тоа од една моја стара пријателка.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Почнав да се облекувам многу попримерно, точно како што доликува на струката.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)