доенче ср.

доенче (ср.)

А денот е слабо доенче и не може од мртовечкиот ковчег да направи колепка. Смешен сум.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Занимливо старче. Седумдесет години без брзање вртело в круг и стасало таму каде што било доенче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во овој град, понекогаш како доенче завиткан во пелени од прашина, мачките лаеја како пци и власта осудуваше малолетни деца на доживотна робија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тука застанува… А во бараките, оставени на рогозина, на сламеник, плачат доенчиња, офкаат и стенкаат разнеможените чиј век е на битисување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А денот е слабо доенче и не може од мртовечкиот ковчег да направи колепка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стиска со десната рака студен камен, не помал од глава на доенче, бранејќи се ќе падне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По нив тече засирена црна крв а повремено, онде-овде, на површината излегуваат бели чевли и трупчиња на цели деца доенчиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Одеднаш јас знам дека овие црни реки, водје што носат бели черепи и мрши на доенчиња треба да стават во друга, поинаква функција.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жени, мажи во години, старци, доенчиња Црневица местото се стори. Сѐ наши луѓе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долго траеше влегувањето во камионите. Старци и старички, жени со доенчиња во раце, болни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука застанува... бараките, оставени на рогозина, на сламеник, плачат доенчиња, офкаат и стенкаат разнеможените чиј век е на битисување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знаеше како се чуваат доенчиња, иако самиот никогаш немал деца, се впушташе во неверојатно интересни разговори околу исхраната за определена болест, ги предлагаше тие и тие видови пудра, на ливчиња испишуваше рецепти за приготвување лековити масти, ги регулираше квантитетот и квалитетот на напивките за бебиња, дури знаеше и како да ги држи: расплаканото дете веднаш се смируваше кога ќе го кренеше в раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше здрав како дрен, срцето одлично му функционираше и имаше сон како сито доенче кое со најмирна совест си спие до следниот оброк.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фимка оди пред себе, во пазувите со обете раце го стега букленцето. чиниш на градите носи доенче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)