догодина прил.

догодина (прил.)

- Ако не ти веруваат, доведи ги догодина...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но ќе продолжиме да копаме онака како што сме планирале, а догодина, помни ми го зборот, ти и твоја Елена ќе бидете тие што ќе настојувате да дојдеме. Тоа запомни го...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Догодина Ели ќе ја запишеме во забавиште, - рече Вера откако завршивме со ручекот, па ја погали по косата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
ДИМИТРИЈА: (Му дава на попот пари.) Догодина во седум навечер. ПОПОТ: Збор да нема.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеби догодина ќе консумираме пакетиран сладолед и лупени семки и ќе имаме почист град, но лете и зиме, и во најсилниот студ, велат софијанци, не можеме да се спасиме од шумот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Оближете се троа и вие па белки догодина ќе посадите повеќе.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дена дури догодина ќе оди в училиште и најмногу „паѓа”, на приказни и цртежи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе направи лозарска јанија, рече, таква манџа отсекогаш сркале гроздоберачите - се прави таа со овчко месо и разен зарзават, а се залева со минатогодишното вино, со истото тоа вино со кое се попрскуваат и лозите и се благословува за поголем бериќет догодина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)