доврши св.

доврши (св.)

Откога беа го довршиле муабетот, легнале и си спале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Љубопитно ја изгледа, не ја доврши мислата што се роди во него за цената што ја платила за крзното, ја прегрна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеби ќе измолам и - ... не доврши). „Не, не се враќам“ , рече, гребејќи го со нокти темето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го вади револверот и го полни. Но уште не довршил, се предомислува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кире ја довршуваше мојата карикатура и штоутку требаше да го стави својот потпис, кога се појави една симпатична млада жена. Застана до Кире.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така, пристигнавме во Дармштат, на градилиштето на Институтот за вселенски истражувања, каде што „бетонците“ градат една голема висококатница. Објектот беше пред довршување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Малата плоштатка беше пак полна со сликари, но со малку посетители, главно туристи. распнатите платна се довршуваа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- И нашите опожарени куќи, - прифати Пандо - нашите ниви што ги поплати троскот, нашите лозја што ги испржи болест и нашите мисли и надежите наши... – тој не доврши.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште не беше довршено ѕидањето на општината и на училиштето, а во Потковицата се расчу дека Максим се раскарал со некои прилепски и битолски првенци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никако разделбата да ја довршиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во денови кога брзаше да ги доврши некои камења или плочи кои му беа сврзани со рок, ударите на чеканот му беа побрзи и времето побрзо одеше: веднаш му доаѓаше пладне или квечерина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Отрча во каменоломот, грабна еден камен, и како што Танаил беше наведнат и чукаше до чеканот и глетото на бистата што си ја довршуваше, го удри по главата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Кога нешто ќе почнеш, доврши го, засипнато рекол Онисифор Мечкојад; веќе бил без омраза кон својот вујко, кон неговиот облик на замелушен гуштер, кон неговото олцкање и тресење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Клисарот Нестор рече: - Сум сретнал каде што пишува дека светот уште не е довршен... Уште господ го довршува. Затоа има зло...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Само еден, некој Јаков Иконописец што ќе останел да го надгледува довршувањето на водениците, движен од исконско пијанство во себе, можеби со заткарпатска медовина во крвта, без причини се обидувал да запее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама се стори тоа. Што не е почнато не може ни да се доврши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од блиските планински предели, селаните што не беа вклучени во „доброволните” работни задруги, доаѓаа во градот со своите верни кози, со надежта на властите дека од овчари ќе станат брзо работничка класа која треба да ја доврши социјалистичката револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Клучот на оваа деконтекстуализација и самото одредување на редимејд-от вешто се објаснети со стегнатата инверзија со која Дишан ги довршил овие белешки: „Реципрочен редимејд: Да се користи Рембрант како даска за пеглање“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа е среќна затоа што знае дека тој никогаш нема да го доврши нејзиниот портрет. 106
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе