довлечка св.

довлечка (св.)

Да знаат селаните кога службата ќе почне, Петре го удри клепалото, и од сите најнапред се довлечка бабата Манџичица, Милошка, дедот Пило и некои други стари жени, и службата можеше да почне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Србендовци си кинисаа еден есенен ден преку Козјак и Кравица и се изгубија негде долу во Мегленијата, а со нив се изгуби и војводата Јован Ѓуров. На нивно место се довлечкаа „братја б'лгари".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сонцето одамна се слизнало зад запчестиот планински срт, приквечерината незабележено се довлечкала до селото, ниските куќи исплашено се стиснале до неплодната земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Има крај, се има крај, само коњот е тромав и бавен да ја довлечка колата до крај. И што кога ќе ја довлечка? Ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќта полека ги довлечка до пустиот парк под виснатите гранки на смерните врби погрбавени во својата молитва.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едвај се додржа на нозе и се довлечка до креветот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Градот некако пак го излажа; го исцица од мочуриштето и го довлечка во својата жега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа бавно се придигна, преправајќи се дека е болна, се довлечка до креденецот, отсече парче леб, го намачка со мармалад и му го подаде на Мирка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
МЛАДИЧОТ: (Блед е. Се чини секој момент ќе се струполи на земја. Поревајќи се, се довлечкува до една од фотелјата и седнува во неа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арсо се довлечка до аголот и таму потона во темнината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Те довлечкаа овде за да му потклекнеш на малиот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сето тоа стануваше толку бргу, што остана мошне зачуден кога чуварот пак ја довлечка растргнатата светлина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше сам и беше слаб, му идеше да вреска од тоа, застанат, како исфрлен на снегот; за него не сакаше да поведе сметка ни оној стар мршар, што почна полека да се довлечкува кон крвавата паласка под неговата стреа, како воопшто да не постоеше никој како него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но набргу, како одговор на тоа негово тешење, пак по неговата дира, зеде да се прибира кон неговото стебло, со едно сосема бесшумно довлечкување на свитканите нозе, познатата прилика на упорниот мршар.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А оној, неговиот, полека се довлечка под дрвото и си го зазеде своето старо место, темен и едвај чујно заскимтен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш шоферот слегува од кабината, го фаќа Зоки за уши и така го довлечкува до тротоарот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И додека ветрот сѐ посилно фучеше околу нас разбранувајќи го песокот, пустинското дете ме довлечка до клекнатата камила и ме натера да ѝ се качам на грбот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Долго патуваше, се испоти од напорно и брзо влечење, но најпосле се довлечка до самата вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но волкот, во кој целеше, успеа да се довлечка до стреата, до дрвјата и да исчезне во темнината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе