довикнува несв.

довикнува (несв.)

Само едно пријателско довикнување, на што старчето, без да се обѕрнјува, клима со главата, за да продолжи да го повторува тоа при секое пречекорување понатаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За сето време им зборуваше на сите далечни луѓе, за сето време тој продолжуваше да им довикнува ним по нешто такво, неразбирливо и заздишано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се бараа здрави, пргави луѓе, никој не го прашуваше зашто и тој не е таков, бргу дојде време кога можеа само да му довикнуваат боцкави шеги и пцости, тој им пречеше ним.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе спијам во славејчево гнездо, довикнува, И ни едно ни две, туку ги рашири рацете како воскреснат Лазар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако полека чекореше низ нивата без шапка, понекогаш довикнуваа: „Еј, сакаме и шапката да ја ставиш!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Забавувајќи го возењето, немој случајно елените да ги испокршат нозете на леденото стакло, Дедо Мраз повремено довикнува: - Не е уште!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но Привидот не се тргнува. Напротив, тој сега дури и ми довикнува: „Прибери си ја раката!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Што да побарам, и што да понудам? Можев само да му довикнувам, и тоа молчејќи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одејќи кон соблекувалната видов неколку девојки како ми довикнуваат. Браво Филип. Ти си најдобар!
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)