довика св.

довика (св.)

Тие — Грците Цицовци, Кондиловци, Кацигаровци за една две недели довикаа од Лерин регуларна грчка војска и го нападија Ѓура и од неговите „бугарски" села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој летен, лесен сон, кога ми го кажа Словото, Таткото, со полуоткопчана горна пижама, низ која ѕиркаа побелените влакна на градите, ја довика сенката на волкот, па на зајакот, па на еленот, и прошепоти, додека со прстите продолжи да ги придвижува тешките гранки на столетната шума: „Саноќ ѕвера ѕвер, но одлик остава слик, незнаено само чија, лика има змизми змија“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Утринум, ноќем, секој со своја молитва ја возвеличува смртта или животот, сѐ дури Буда не го довика Исуса да му каже дека преминува но дека не ја открил тајната на преминот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
По некој век и Исус го довикал Мухамеда соопштувајќи му го истото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Кај си бе Трпе, се ожени и си еба мајката - му довика неговиот другар Климе, кој со останатите соселани кркаа контаминирана салама и пиеја пиво пред селската кооперација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)