довека прил.

довека (прил.)

4. ГОЛЕМ ЗАЛАК ГОЛТНИ, ГОЛЕМА РЕЧ НЕ РЕЧИ - притоа и сит довека и спокоен до гроба ќе си, со таа слобода и пред олтарот на ропството клечи и моли за своето право да бидеш тој што не си...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
До војната луѓето беа зафатени со мислата да направат што поубава, што полична куќа; одеа на печалба, во свет за неа; делеа од устата, робуваа довека за неа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во книгата Сирахова се вели: „Мудрецот добива доверие од својот народ; името негово ќе живее довека“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А сега и довека нарачан со Божјо име Захриј, послушен до гроба, безмолвен раб на Бога.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јарето во срце ќе ти скокало, ќе те скокоткало, ќе си рекал и мемекал, оттогаш та довека.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Фалете го Господа зашто е добар, зашто довека е љубовта негова.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Живите за секоја умирачка велат - безвреме... предвреме... рана отворена... довека незарасната...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)