добродетелство ср.

добродетелство (ср.)

Замислете го тој добродетел ако бара признание, ако бара за неговата крв сите што ја добиле да му се оддолжат! Тоа веќе не би било добродетелство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Твоето добродетелство, драги мој, Симон, не е од слични побуди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неколкупати ги помирисав листовите, божем ќе ја осетам аромата на времето, еден цел век на Маказар, исполнет со присуството на добродетелството на Никола Поцо, со неговите карвани коњи и камили, стадата овци, балите волна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се сеќавам, во едно од последните писма ми пишуваше како човек обземен од восхит, задоволен од она што го сторил, од она што тој го наречуваше добродетелство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)