доброволно прил.
доброволен прид.

доброволно (прил.)

Во Костурско Србите немаат пропаганда не затоа што костурци не се Срби, ами доброволно ѝ ги отстапуваат на грчката пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше црна коса и зелени очи - тоа е хармонијата на пеколот и змискиот отров а таков отров доброволно се пие до дно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Шпион! Тоа име стана негов крст на кој тој се издигаше над сите на селската Голгота, и би негово право да пцуе или да молчи, или пак, со рамнодушност, за себе, да ги ора доброволно нивите на оние домаќинства чии машки глави беа в град или далеку.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега што - да се исправи и да ги пречека, доброволно да појде во смрт и да го победи своето двоумење?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оделе без ред, тромаво, како луѓе доброволно здружени од свои сметки што ни биле војници ни ја сфаќале војничката ука на движење во еден или два реда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа е „кадифена зависност”, зависност која луѓето активно ја бараат и ја избираат доброволно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За мнозинството тоа е зависност од типот: направи сам; луѓето радосно, доброволно, со уживање влегуваат во однос на зависност со маркетиншките компании, со експертите (технолошки или научни), со психолозите, психијатрите итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уметноста мора да го отфрли славењето на островата на приватност, наизглед изолирани од машинеријата на авторитетот, и мора доброволно да стане шрафче во таа машинерија, слуга на новиот Левиатан кого што го привикува како дух од шише.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Народот доброволно падна во ропство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Работам доброволно три попладниња неделно за Јуниорската анти-секс лига.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа дури го убеди Винстон да се откаже од уште една од своите слободни вечери и да се пријави за прекувремена работа во производството на муниција, што го правеа доброволно ревносните членови на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според тоа, учеството на македонското население во врховистичкото востание не се изразило толку во вид на некакво свесно и доброволно приклучување кон врховистичките чети, туку во вид на отпор и одбрана од нападите78.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Смртта ги одбегнувала, но тие сами ја барале. И сами, доброволно, ја нашле.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи доброволно не сакал да го напушти комитетот, повеќето од комитетските офицери, на чело со Цончев, решиле да го отстранат на следниот конгрес.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А потоа и онаа помисла: ако навистина сметам дека доброволно дозволувам да ме води животот, од каде тогаш чувството дека доцнам иако втасувам речиси на време на автобуската постојка?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Забораваш дека доброволно го напуштивме таквиот свет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што беше сега ова? Сакаше ли бегот од него да направи кодош, само затоа што доброволно се потурчил?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе