добиточен прид.

добиточен (прид.)

Затоа Тоде и неговите не се ни обидоа да ја обноват старата господарска зграда, туку си подигнаа други две, помали и модерни, во ливадчето зад некогашниот свињарник, во она што служеше порано за излачување на добиточниот подмладок.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Џандарите не успевајќи да дознаат кој ги организира момчињата да бегаат од српската војска, или кој рекол да се сокрие добитокот и живината, или житото и добиточната храна, ги собираа мажите на срецело и душмански ги тепаа, на живо им ги солупуваа кожите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Заедно со живеалишните и добиточните згради, со живинарниците, кошарите и амбарите, со гумната и оградите за излачување на добиточниот подмладок, со бунарите и коритата за пиење на добитокот и со родните дрвја, Имотот, на садриазамот му се чинеше, се простира до во недоглед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Две еленчиња си туркаат по едно топче добиточен измет.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ качија во едни добиточни вагони и — терај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Црниот Пандил матно објаснил дека има жолтици што одат од човек на човек како летна, онаа упорна и добиточна мува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патот се прошири и за една минута Винстон стигна до изгазената патека за која му зборуваше девојката, една обична добиточна патека што се губеше меѓу шибјето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во мај, разредениот воздух над гетото Барон Хирш само двапати го пара писокот и го исполнува пареата од локомотивите на двете композиции со нов човечки товар во истите добиточни вагови: на 3-от и 9-от ден на месецот во кој едвај кој можеше да забележи како богато цутеа дрвјата во дворовите од напушените еврејски куќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)