динар м.

динар (м.)

Не прашаш, ако дојде комисија, доктори! Тебе ич глава не ќе те заболи! А мене? Трап - илјада динари!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По волја ли ќе е една мала балерина за вашето тоалетно масиче? Заради расположение. Три динари, повелете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ми тутна в раце динар и ме повлече за нос. - Трчај, купи драви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе ги вратат чесно и поштено и со некој динар и друг интерес на недела ли, на месец ли, како ќе најдат мунасип бацковците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако венчаваа тие за половина лира, тој земзше бела меџудија, ако свртат тие на српски пари — десет динари, тој венчаваше за пет итн. се додека тие изумреа без наследници, та си го поклопи целото село од двесте куќи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И пазарот се свршува докај ужина, но нашите свадбари ќе преноќеваат и оваа ноќ, да се почестат и вечерва со тава риби, оти света Петка не дава мевце. A за винце — пак ќе се напијат, ако им остане по некој динарец од денеска, ако не, ќе запише Селчанецот, тако што запиша и Мечето од Пушмарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
8. Попладне се врати од плажа изморен и гладен, без динар в џеб, се врати во градот и во себе си, како што се враќаат јагулите на мрестње во една вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Каква радост ќе биде кога ќе ги истури во скутот на Вита, жена му, сребрените динари...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Што може да се купи со десет динари,“ - праша - „но да останат пари за бонбони?“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Мамо, што може да се купи со десет динари?“ - праша Благица држејќи ја врз отворената дланка жолтата, нова десетдинарка што ја беше добила од тетка ѝ.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Билјана го зеде динарот, но не стрча да си купи сладолед.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа го пречека на вратата и веднаш му рече: - Тато, дај ми динар да си купам сладолед.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Еве ти го тогаш динарот. - Не. Чувај го.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
МАТЕЈ: Не зема динар од него. Сама заработува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СОЊА: Тоа ти останало од твое време. Уште мислиш цигарите се динар и пол.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ова се 25.000 динари за вас. Жал ми е но ќе морате итно да ја напуштите куќава.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја продаваат со парче леб само за 75 куруша, а тоа е помалку од една лира или од еден динар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Терасата е корисна, но јас еднаш се досетив дека од неа би можело да се „извади и некој динар“, па ѝ предложив на баба ми да ја пренамениме (тој збор го употребува татко ми кога со Славко и со Кара разговараат за бизнисот) со базен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа е кеседарот во нашата куќа. На секој први во месецот, како ќе ја земам платата, така дома до динар ѝ ја давам. Не сметајќи на некои безначајни црни фондови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На големиот одмор Љупчо ми даде 50 динари и ме прати до самопослуга да му купам дваесет чоколади - животинско царство.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе