динамит м.
динамитен прид.

динамит (м.)

После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Агларон шета, - вели тој и злобно додава, - уште малку им останува. После ќе прошета динамитот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ајде да се качиме горе, утре е пазарен ден, движење, врева, бркотници и со динамит да пробиваме никој нема да нѐ чуе. Целиот ден ќе го употребиме околу цевката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И се редеа деновите и ноќите на постојани средби, планови, риење под земја со овие груби силни луѓе, потоа динамит... неговите мисли овде плахо запираа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Те прашувам дали си комита, дали имаш врска со динамитот?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дванаесет години по раѓањето на Нобел, пронаоѓачот на динамитот, се раѓа Рендген, првиот добитник на Нобеловата награда; до денес „Х“-зраците не ја откриле тајната на човековата душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под неговите нозе, на патосот од автомобилот лежеа неколку револвери, пушки и шипки динамит.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мислам дека цицките ѝ се наполнети со динамит!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поради немање доволно динамит, гемиџиите дефинитивно се откажале од мислата своите акции да ги прошират надвор од Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дури отсега тие ќе заработат самостојно и снабдувањето со динамит ќе го постават на прв план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кај него беше најдена една бомба, две капсули за динамит и револвер.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК