дивјачка ж.

дивјачка (ж.)

Имаше еден Илија од Призрен и си го слави денот. Дава некоја ракија од дивјачки и од дренки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така мајка ми правеше и со дуњите, со јаболката, со дивјачките, со дренките и со горниците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Последни почнаа да доаѓаат жените, ама како која идеше со празни раце не доаѓаше туку носеше или некое компирче, ремче сушено свинско месо, лукањче, ореви, дивјачки и што ќе се најдеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа глетка ја гледам и најаве и во сон и мислам дека никогаш нема да успеам да се ослободам од неа и од прашањето: од каде ли толку дива и фанатична, слепа и студена, жестока и јаросна омраза и толку дивјачка жед за убивање?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа, баба Севда се изгуби... Ја најдоа дури по една недела. Таму, на ледината, под дивјачката.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дивјачката, тука погоре, зреејќи со секој ден, стануваше сѐ поубава.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ти добро си знаеш дека мене не ме личи некој да ме види со тебе седната тука под дивјачката, сама девојка тоа не го прави, да си го пушти беќарот да седне до неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)