диверзија ж.

диверзија (ж.)

Ова е помоден флерт! Диверзија во суптилен облик. Каде е хуманистичкиот ангажман?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мрдаат по нас со устите, ни ги повторуваат зборовите, ги учиш на диверзии, им кажуваш диверзантски средства.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега и мене ми иде така. ,Диверзија е таков вид на војување која има цел да го изненади непријателот, да му нанесе што поголеми загуби во луѓе и техника.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Задачата на оваа мисија била да изврши диверзија на пругата јужно од Скопје, но поради неможноста да се спушти мисија која би можела тоа да го изврши се сугерирало железничката пруга да биде прекината на „две места северно од Скопје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Британците се надевале дека таа група би соработувала со групата која требало да врши диверзии на железничката пруга Скопје-Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во последните десет дена од март во истиот реон пак биле извршени слични диверзии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од динамитот што останал по одвојувањето за минирање на Банката и дванаесетината колограми за диверзија на бродот, биле направени 70-80 примитивни рачни бомби.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во долгогодишниот подготвителен период за востание, кој бил исполнет со чести судири со органите на власта, Македонската револуционерна организација не се служела со динамитни атентати и диверзии по градовите или по сообраќајните комуникации.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така го собраа и семејството на Алегра, токму во време кога во градот почнаа диверзии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)