де (сврз.)

Ти не ме викаш како што сум крстен, туку: „бре, море, Коте...“ Јас не сум маче та ќе ми викаш коте! (Сите се смеат и де гледаат во Котета, де гледаат во Депа).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Колата тркаше по каменистиот пат и се нишаше како лаѓа на бранои, де на едната де на другата страна, како да ќе се преврти.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Стоеше, гледаше де во мене, де во гранчето со цветчињата, и како да сакаше нешто да праша, но не знаеше како.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И де ќе се појави во навалицата, де ќе ја снема во витлите, во дувалата и пак да ја исфрла на суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Де нешто ти се белее, де нешто зацрнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така тие ноќи само некои лоши, невеласни соништа ме шетаат: де пропаѓам, де се качувам, де некои гуштери, ѕвиждалници, слепјаци и смокови ме облазуваат. Ме заплеткуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Де им свиткувам цигарче на ранетите, де им подавам вода, де им ја поправам перницата или ги покривам, ги тешам, слушам што раскажуваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А други, пак, одат де ваму, де таму, гледаат долу, кон фурните.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Де едната, де другата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само шмајзерот си го зедов. ,На гости ти дојдов, Кито моме", пеам и трчам, потскокнувајќи де на едната, де на другата нога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една девојка, пак, не ги одвртува очите: де гледа во мене, де во ногата моја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трчаше старата Депа која беше како бабица во селото, де во една куќа, де во друга, де кај една жена, де кај друга, им помагаше да им се смират болките, да се породат полесно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Германец е - кусо одговори Марија. - Ти се допаѓа ли? Елена гледаше де во него, де во Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Колку што нѐ има поделено реката и брегојте нејзини одамна и како што омраза влегла кај луѓето од двете страни, де заради ова, де заради она, за дрво, за нивче, за бразда со капка вода, толку сега еве се поделивме по партии.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не е у другта, испадна да причека адно другар, ки са врне, нема кај да оде на вакво кијамет! вели Пена и снова по одајката, де отвора сандук во ќошот, де влече фиока од креденчето донесено од Гаково, реди работи на подавалникот за да ги почести гостите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Најдов три кристални чаши. Сега кој ќе пие во стаклени? –Настана мрморење, де од еден,де од друг: Јас сакам кристална, јас несакам стаклена, во неможноста да ги поделат чашите се надвикуваа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе