дење прил.

дење (прил.)

Зелениот здравец и горските цвеќа што дење и ноќе ве следеа верно, по смртта ви дарат пак чудесна среќа над вашите гробја наведени смерно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Се осмелувам да прашам : - Татко, вештерките дење ли спијат?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Замавна со големата тупаница и ме исплаши со завагледите очи - врколак е, само дење гледавме во него човек.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Па времето се оклештило, јасници, опнало дење сонцето: пече ли пече! Кој може само да работи!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа Турчинот дење-ноќе ја кандисувал додека најпосле, на третата година, не се согласила.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вон од просторот, ноќе да сонува нож, дење да бара приказни?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Очите ѝ се слаби и дење, ноќе е како слепа, одвај ја забележува и светлоста на далечните ѕвезди, тие неми сведоци на оваа необична средба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неколкупати оттогаш се искрадуваше од својата јама, дење итро и претпазливо, ноќе скриена во мракот и послободна, но не најде трага ни на едно животно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Кога ги провлекував прстите низ твојата коса, само по мекота поинаква од зрела `рж, не знаев дека еднаш, дење или ноќе, сеедно кога и каде, ќе го сторам тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа мирисав на етар и затоа носев капки крв на своите чевли, секогаш кога се враќав од болницата, и ноќе и дење, секогаш со сладок умор во прстите врело стиснати во врели дланки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Дење ораат, копаат, а кога стане нужда сите се на нога со оружје в раце. И не само тоа. Мошне се лукави.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но тоа беше преку денот и стариот судија им рече дека ќе ја разгледа тужбата кога ќе се стемни, зашто дење тој не гледа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас токму затоа и сакав тој Младич да пристигне дење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И дење и ноќе рика како да го колат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иако беше дење, Даме ја запали ламбата и првиот лист го принесе до ламбата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тој ноемвриски ден, попладне, илјада деветстотини и прва година, низ Битола се рашири веста: „Баш комитот дошол во Битола и тоа дење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Надвор веќе беше дење.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во бурето рум се криел. И дење и ноќе капетанот Џек од бурето пиел.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
И дење и ноќе си шепотеа една на друга најубави приказни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе