детинство ср.

детинство (ср.)

О, зашто не забравам млади години, Детинство, најхарниј дар, Кичести полета, зелени градини, Младиј сос овци овчар!
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Од детинството сѐ што им е мило ним и нам ни е мило; на сѐ што се радуваат тие и ние се радуваме; тие плачат и ние плачеме; тие се смеат и ние се смееме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Минаа неколку недели... Гоце во Кукуш се извиде со роднини, пријатели и другари уште од своето детинство.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На крајот се разбра работата од каде беше: Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сето тоа е само некакво присеќавање, воспоставување на одамна загубен контакт, што буди едно чувство уште од детинството: помалата сестра е галена, постарата навредена, врти грб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)