десетица ж.

десетица (ж.)

И навистина, ете, пред големиов празник во Чебрен се заврвеа поклоници — болни, неволни — со десетици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја гледа Борко оваа чудна игра на природата и во неговата глава искрснуваат десетици замрсени прашања.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Брате Јоване, јас сум една од оние бубачки што со своите многу очи гледаат десетици слики одеднаш - и се виде самиот себе во гумени чизми до појас, таму, на едно мочуриште, меѓу трски и меѓу селани, потонат в густо и зелено крекање на илјадници невидливи жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мулазимот Рифат — ефендија кондиса со педесет души аскер во Брник и немаше ден да не се печеа два три брави, десетици кокошки, стотици јајца, котли со алви, за да се избегнат зулумите од овој катил забит.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пискање на десетици луѓе се слушаше од сите страни.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нема раскош и удобности како на „Златните песоци“ и на „Сончевиот брег“, но сонце, воздух и вода има во изобилство, а тоа го нашол секој од десетиците и стотиците илјади летувалци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој не е милионски град, но многу е бучав и распослан во должина од десетици километри, зашто со индустрискиот развој тој ги соединил во себе блиските и околните гратчиња и села.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓу неколкуте десетици германски, советски и други филмови, кои беа прикажувани во ова време, на репертоарите се најде и македонскиот филм „Македонска крвава свадба“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Влегов таму низ тесното вратиче што води кон измачувањата и излегов низ истото тесно вратиче зад кое останаа десетици и стотици кои не сакаа да погледнат кон вратичето низ кое излегов јас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во слободното време снимив неколку десетици илјади зборови, одговори на својот глас сврзан со телефонот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во една прилика еден извежбан, професионален хипнотизер ме внесе во транс пред десетици луѓе при една демонстрација во неговата куќа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кон почетокот на 1940 година се однесуваат две литературни замисли на Набоков, кои не добиле во текот на неколку десетици години реализација во печатот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога „Е е за Екстази“ излезе од печат, Сандерс стави хипертекст верзија на својата веб-страница на Интернет, која оттогаш им е достапна на десетици илјади читатели.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во долгиот хол без прозорци, со неговите два реда полукабини, исполнет со постојано шушкање на хартија и со џагор од гласови што мрморат во говорпишувачите работеа десетици луѓе што Винстон не ги знаеше дури ни по име, иако секојдневно ги гледаше како брзаат горе-долу низ ходниците, или како гестикулираат за време на Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние уништуваме зборови - десетици зборови, стотици зборови секој ден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Се разбира. Стотици пати... или барем десетици, во секој случај“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во главниот град се предвидува изградба на железарница, која ќе вработува десетици илјади луѓе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие сметале дека тоа што не ќе биде способна да го постигне Македонската револуционерна организација со десетици илјади жртви ќе го постигнат самите со своите животи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Бев катадневно готов да пишувам десетици страници депеши, опсервации, извештаи кои, на крајот од годината, надминуваа и илјада страници, а на Мајка постојано да ѝ ги одложувам одговорите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе