денунцијант м.

денунцијант (м.)

Патетичноста на терористичкиот акт повеќе сугерира на еден личен морален пад (најчесто жртвите се невини), ја компромитира каузата во очите на јавноста, создава сѐ повеќе непријатели и денунцијанти, прави имиџ на лицемерност и неинтелигентност (глупост) итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Татко стравуваше дека денунцијантите можат да роварат и по малкуте документи со кои ја докажуваше својата правничка професија, како судија и како адвокат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко мораше да се варди од тукашните денунцијанти кои сакаа него да го видат меѓу „домашните спасители”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Долги години на домашни анонимни денунцијанти тезата на Климент Камилски им беше храна за нивното напредување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа повеќе никому не служи, освен на денунцијантите! рече тажно Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имав и имам поради тој париски докторат денунцијанти до крајот на мојот живот, кои станаа марксисти за секаква употреба, до денешни дни!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)