декемвриски прид.

декемвриски (прид.)

Но колку да ми даваа зорт да стигнат до Битола, бавното одење и кусиот декемвриски ден тоа не го дозволија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во бавчата владее свечена празнична тишина, украсена и од декемвриското сонце кое изобилно плиска светлина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа беше зимска, декемвриска ноќ. Беше сува, студена зима, камен пукаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
не ги слушав и ги заборавив уште пред да видам дека ме сметаат за варвар: во мрак, оној што во таквите продавници секогаш лежи на одредено место како задолжителен дел на општата патина, здогледав женски портрет, масло на платно со размери, слободно проценети, 45 x 60, и останав нем и уште еднаш како во онаа декемвриска ноќ облеан однатре со течно олово.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Наднесена над поднамодренотo лице Дедомразово подзамрежено од декемврискиот сињак, со нежно памукче на усничките, убавицата ги собираше капките претворајќи ги, притоа, во нови мустаќи, нова брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Железничка станица Скопје. Декемвриска вечер 1984 година местимично густа магла смог и препорака да не се патува освен во крајна нужда.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„*Сега јас ја преземам работата*“, рече Хрисостом. Карер му потврди на владиката. Утредента, скудната декемвриска сончевина го затече владиката пред штабот на Беренц.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас - како Снешко декемвриски, а ти смрзнати грутки снег, со срце врело зашто ќе се врати оној „првиот“... и пак со љубов и поглед ќе ме топиш мене. Твојата снегулка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Една декемвриска ноќ, додека меланхолично уживаа во пивото „ Гардист“ и снегот кој пополека си паѓаше како на евтина новогодишна разгледница, дваесет години постариот Дејан му ги раскажа на Александар исцрпните биографии на повеќето колеги од секретаријатот. – Алек во животот никогаш не знаеш што ќе ти затреба...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Држејќи ја Рада за рака двајцата излегоа во ладната декемвриска ноќ, а штрокавата, која веќе беше зашеметена од моќта на алкохолот, тетеравејќи се, се врати на своето место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)