дезертер м.
дезертерство ср.

дезертер (м.)

Да, ти си истиот оној кој за своите дела ја заслужи пофалбата и довербата на овој несреќен народ, но денеска ти си дезертер, ти си предавник што заслужува само прекор и казна!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А за да го убеди началникот оти навистина се посрби, почна да ги брка своите селани — воени дезертери, што не сакаа да се борат против пријателот на Бугарите — Австроунгарија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Војници, воениот суд за дезертерите има само еден збор - смрт.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе му го одземам задоволството на крвникот и ќе го избришам потсмевот на оној што ќе рече: измамник и дезертер.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Им се предаде на Грците, кои по долги распитувања, го префрлија пак во работен баталјон составен од заробеници и дезертери.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Ако организирав дезертерства, велам, и самата ќе бев дезертер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми читаат нечии изјави дека сум ги бранела македонските дезертери...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По сѐ изгледало, војникот со шлем и со машингевер на градите, извидник, курир за воени врски или паничен дезертер пред пропаста на Хитлеровиот Рајх, бил убиен од некој шеесетгодишен свештеник Доситеј Давидовски со куршум на тулски нагант од заводот на императорот Петар Велики зашто црниот мотоцикл го присвоила месната црква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На исклучоците на другата страна, на мажите коишто отстапуваат од општествено најпожелната улога на херојски борец за националната кауза им преостанува само на јавна сцена улогата на заговорници на цивилно општество, односно на неговите вредности: човечките права, ненасилството, толеранцијата, еднаквоста на половите итн., значи дејствување на едно подрачје на кое кај нас во традиционална смисла може да се докаже сѐ само не машкоста, подрачје, имено, на оние интереси што хрватското мнозинство денес ги смета за сѐ уште бизарни, недостојни за вистински машки ангажман, па затоа подрачје препуштено на дезертерите од сите видови, слабаците, педерите, накратко на женскиот свет како таков.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се зголемил бројот на воените дезертери и одметници кои го пљачкосувале населението.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Едните за другите велеа дека се дезертери, а другите дека се предавници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наредив: по неа! Се стрчаа двајца од моите и по половина час ми рапортираат: другар командант ја фативме дезертерката, ама е ранета...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите кои тука се доведени, се родители на дезертери. И ти си родител на дезертер.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако ме фатат не ми бега куршумот. Дезертер, ќе речат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)