дебели (несв.)

Јадејќи лакомо, почнала да се дебели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од дебелење кожата ѝ напнуваше и добиваше некој јадеж по снагата: се чешаше, се чешаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја носеше по лекари, по бајачки. Врвеше времето - ништо. Таа зафати уште повеќе да се дебели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се морничавеле исплашени од многуте прикаски дека мечкиниот свршеник ќе почне да се дебели од женско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тој се дебелел, бил мечок на две нозе и бил алчен, ненасит.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)