двомесечен прид.

двомесечен (прид.)

Му пишуваше на тогашниот министер за култура на Франција, Жак Ланг, да ми биде овозможен двомесечен престој во познатиот француски преведувачки колеџ во Арл, сместен во еден средновековен замок кој некогаш служел како болница, дисперзиран дел од културниот простор Ван Гог.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По двомесечна опсада здружената полска и австриска војска ги поразила Турците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога Чарли го донесе двомесечното маче во куќата на Адамови и го остави на подот во дневната соба, малото купче од ангорско крзно цела минута или две остана неподвижно, освен двете златнозелени очи што се движеа од еден човек до друг.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Утредента Јана се враќаше во Бечеј, а Томо и Рада во Куманово, завршувајќи го своето двомесечно патешествие.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)