дарител м.

дарител (м.)

Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зборовите како судски печат ги удираат скараните по чело и тие, обајцата, почнуваат во еден глас, јас сум чесен граѓанин и доброволен дарител на крв, јас сум нешто повеќе, редовно плаќам членарина и имам книшка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ретки се и оние што се фалат дека биле на работна акција, дека дале доброволен прилог, дека се дарители на крв.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Најдобро ударник, количка, крамп, трудбеник прв, дарител на крв! (уште посилен аплауз, ура, ура) О, да!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Низ дворот црковен луѓето тешко се пробиваат до црквата, особено оние што зад себе влечат добиток за да го подарат; калуѓерите одат пред нив, се пробиваат низ настисканиот народ и им прават пат; пред секој што носи дар, зурлите одат напред, свират, а дарителот по нив; свртуваат по три пати околу црквата со добитокот и потоа им го предаваат на калуѓерите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но оној, чија фотографија сите три љубоморно ја чуваа: тета Наца на пијаното, тета Менка во кујната, над шпоретот, тета Дитка на телевизорот, врз неделната програма – тој имаше токму такво лице: отмено, благо, а непроникливо – лице на дарителот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Биолошкиот татко, прадедо ми Манас, кривоногиот Куман, грабливецот лихварски, премногу груб беше и низок за оној што го замислував во улогата на дарител.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А речено е дека само јас можам да сум дарител што ќе го предаде каменот со благослов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)