гукне св.

гукне (св.)

Здив Ух, ухни, воздивни, гукни, така се раѓа Зборот кога влегуваш во телото на новороденчето со првиот плач, единствениот на којшто му се радуваме - па те нарекуваме Живот кога се враќаш онаму кајшто човечка нога не стапнува - па те нарекуваме Душа напатена како вечност кога копнееш, до последен здив по белата пена во којашто се топиш од сласт, и исчезнуваш Ух, ухни вдахновено, така се раѓа Песната!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како и да било, зборот „перзистенс“ американското дете го учи уште пред да гукне „мама“, „тато„ или „кока-кола“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)