гугутка ж.

гугутка (ж.)

Ох, ти гугувче малечко! Што си згрешило ти пред господ, да береш грижа уште од пет години?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Момичиња гугувчиња, аман, аман, гугувчина, пуштете ме да поминам, аман, аман, да поминам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само подрипнува, ко џивџан и плаче. Тоа плаче, и јас мислам дека гугутка ми гуга, ми пее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш за божиќните празници, допуштено беше да се улови и убие и најсветата птица, гугутката, или уште како што ја викаат во некои Пелагониски краишта, во Леринско, галицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Убиената гугутка на ист начин, како и врапците, се приготвувше за божиќната жртва.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си кажува нешто, си гуга ко гугутка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На покривот се собираа гугутки, ги слушнав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги нема ни мравките, ни канарките, ни гугутките, ни светулките; лелек, смрад и гад.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Две гугутки на врв дрво што се ниша на ветровите пред небото да заруди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Водите густи и питоми по сјајниот метал на утрото водите полни со твојата умореност На патот до смртта како на патот до ноќта Понекогаш само ќе наврати гугутка амајлија на една дамнешна љубов
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)