грпка ж.

грпка (ж.)

Под една грпка од сиви крастави камења со две дрвца пред отворот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сопнувајќи се на труповите на домородците и на своите или прерипнувајќи ги, сите со некакви грпки на замор врз тилот, Турците надоаѓале од сите страни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ридот со неколку дрвца стрмно се качувал кон својата гола грпка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега со мене лазеа и другите, од зјапнатите усти им висеа зелени јазици: со валчести грпки меѓу плешките, личеа на мали подвижни планини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поточно тоа не беа ни врани ни пропаски: птиците имаа црвени шии и грпки со кострешки перки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ВРАТЕН ДОЛГ Плодовите на осамена круша горница помеѓу две грпки на невисок рид сторија да не се чуствувам веќе гладен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Како да не им обраќа внимание на малите камени израстоци што потсетуваат на грпки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѕиркаше час јатагани, час копита, бечви, час пискуљи од коњска грива, час дизгини, превртени грпки од седла, чизми, пушки и кубури, камшици засукани околу нечиј врат како змии, а кога воздухот сосем се нагнети од потни тела на луѓе и коњи и стана густ за дишење, Петре си рече: и убог божјак да сум, ми нема спас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Има да си чекаш пред прагот и да се начекаш, грпка да ти никне како пенушка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаше околу триесетина години овој кутар божјак, со грпка што му стрчеше под кошулата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мудрецот Во најдлабоката внатрешност на планината, без нималку надеж, дека ќе сретне жива душа, пред него на патот, здогледа легнат старец, со долга бела брада, речиси до појас, долга бела коса која му паѓаше кротко низ рамениците, спуштајќи се надолу преку свиената грпка.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)