гривна ж.

гривна (ж.)

— Ами, поседете си бегу, оти толку рано ќе си ојте? — запна и Бојана да го задржува, ама Колобан и чкрапна со окото и таа ја зеде празната чаша на послужавникот и му ја подаде белата рака на бегот, на која светкаше на ламбата бела, сребрена гривна со три жолти черечиња подресена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги привлекува витките, јадрооки девојки со скапи подароци: ѓердани, позлатени гривни, свила и чоја и така лесно, како пеперуги во оган паѓаат во неговата шепа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Плугот заорал во камења, тули, пепел, пронашле и некои грнци, некакви бакарни гривни, други украсни предмети, пронашле и згура, што докажуваше дека некогаш, зад преградата од минатите векови, на ова место постоела населба во која се топеле и обработувале метали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сум видел како од убав автомобил, низ отворен прозорец се подава женска рака богато украсена со гривни и прстења и како од неа на коловозот паѓа кора од банана!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Коњите беа јадри, убави, со светло влакно, потшишана опашка и гривна и секој имаше посебна боја: сива, кафеава, црна - како и униформата на нивните сопственици што ги јаваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги допираше со своите облини, се виткаше пред нив создавајќи им вртоглавица, зашеметеност; лудуваа тие по нејзините испружени раце, по нејзините растреперени и игриви делови на телото, по нејзината долга, развиорена коса како гривна на ждребица; лудуваа и кога ќе почнеше да се крши пред нив, да игра и да потскокнува ширејќи ги рацете како крилја, како да сака да полета.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од далеку повторно ја гледа Аниса качена на коњ, на истиот коњ што е на сликата: силен бел пастув, влакното му светка на сонцето, се прелива, како скапоцен камен; гривната му се вее развиорена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ноктите ѝ се јарко маникирани, носи златни гривни што сега одеднаш блеснуваат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Фимка, силно држејќи го коњот за узда и гривна, милно и молежливо му шепоти и полека, скоро притисната на неговото ребро, го води по патеката што виси над мрачната бездна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)