греење ср.

греење (ср.)

Неговото приближување е само сладосно греење во душата, задоволство што ги стопува немирите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Гледај ваму, ми вели татко, ова е даб благун и тој има најмногу срцевина за спици, за бочви и за качиња и да знаеш за отсега, ми вели, рапавиот даб е само за јаглен и за греење, а царевиот даб е за ништо, вели, оти нема срце и брзо скапува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еда, го зедов магарето, вели, и фатив кон Петрово речиште, ба му ја, да пособерам малку трески за греење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Стан, струја, греење и телефон не плаќам. Весници не купувам. Месо не јадам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Малтерот постојано се лупеше од таваните и од ѕидовите, цевките пукаа при секој посилен мраз, покривите прокиснуваа секогаш кога паѓаше снег, системот за греење обично работеше со половина снага кога не беше сосем исклучен од економски причини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако патникот веќе се навикна на недоволното греење во хотелите во Полска, во собата прилично студи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На челниот ѕид – во боја, портретот на Сталин, личен подарок. Електрична светлина и греење.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако ветувате, тогаш вака. Во сиот обид и напрегање да наслушнам на што точно ме потсетува звукот кој постојано доаѓаше во мојата канцеларија преку цевките на парното греење, кои протегајќи се низ целата зграда, се спуштаа по ѕидот, близу до моето работно биро, си направив многу интересни и необично инвентивни претпоставки.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
3 Имено, при емајлирањето на предната страна од шпорет за греење нејзе ѝ прснува парче емајл во левото око.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Тоа што свињите идат во вашата нива е поради неодговорноста на вашиот комшија кој забораил да ги нарани, а вие требе да седнете и очи во очи да разговарате за проблемот - сериозно му одговори Матновидецот кој перманентно беше облечен во зимска јакна затоа што во телевизијата немаше ни греење.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Имено, за време на зимските месеци, греењето во салата кадешто се одвива производството понекогаш се исклучува, и работниците работат во студена просторија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работните услови во АД „Охис“, на почетокот од вработувањето, беа релативно добри – за потоа, во текот на транзицијата, да почнат сѐ повеќе и повеќе континуирано да се влошуваат: на пример, вработените немаа ниту греење, ниту ладење – па зимно време работеа на температури под нулата, а на лето беа принудени да ги поднесуваат жегата и пеколните горештини; мензата која порано одлично функционираше сега е затворена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Замислете си, во тие јануарски денови кога Брехт барал да се прикажува претставата, властите да го исклучиле греењето, како на сцената,така и во салонот каде што била публиката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)