граф (м.)

Фелдмановите “графови” во одредени граници на акција на изведувачот му даваат голема слобода.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во графите за критериуми свое место имаше и фазонот на подбрикнувањето на волната, како и миризбата на дундата, оти сите тие различно мирисаат, како што различен мирис има здивот на секој човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Господе, ако постоиш, чувај нѐ од најлошото и стори полни да ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори да имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се враќаме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф да има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат... Амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)