грам (м.)

Сѐ што живееше имаше своја судбина и требаше да живее, а војна беше и животот беше поевтин од неколку грама олово.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Триесет грама се доста... - За сите во каушот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Дај ми триесет грама! - Не ти треба толку. - Ако, да имам...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Патрокле му ја грабна лирата од рака И почна да ја мазни меѓу прстите. - Триесет грама, - рече Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тежев тогаш дванаесет килограми, ако не и неколку грамови повеќе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не можеш да се скриеш во скривница! (Пауза.) Треба да се испрска мрежата од вентилацијата. Видов лебарка од сто грама.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нормата е 500 грама, а јас правам 300.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тоа пет кила и сто грама и со букви и со цифри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Купуваме уште еден грам и заедно одиме во тоалетот. Шмркаме, моите носници горат повторно и ние летаме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За интересирањето на уметниците за материите кои предизвикуваат психоделични промени на свеста можеби најголема заслуга има Олдос Хаксли, кој вели: “...едно сончево мајско утро проголтав четири десетини од грам мескалин растворен во вода и седнав да ги чекам резултатите”, потајно надевајќи се дека ќе успее да ги посети световите кои на Блејк, Сведенборг (Swedenborg) или на Јохан Себастијан Бах им беа дом.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Откорнатите грамади ги преземаше втората група и ги ситнеше со чекани – бараше дијаманти. ( Ако се знае дека еден грам од таа скапоценост на 15 000 тони ископан камен, лесно ќе се замисли тешкиот живот на малите несреќници).
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тики (Од под душекот на троседот вади кесичка): Ох, еве ги твоите 10 грама.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Суштеството без очи на другата маса го проголта, фанатично, страсно, со жестока желба да му влезе во трагата, да го пријави и да го испари секој што би се осмелил и да спомне дека минатата недела следувањето изнесувало триесет грама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, следувањето на чоколада - Винстон беше свесен за тоа - требаше да биде намалено од триесет на дваесет грама до крајот на тековната недела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледа дека имало демонстрации во знак на благодарност на Големиот Брат дури и поради покачувањето на следувањето на чоколада на дваесет грама неделно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога дојде тој стептомицинот, дваесет грама, решив да одам да го продадам горе во Србија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Згора на тоа имав и триесет грама добиени од Битола од тој Целета и решив да одам да ја свршам таа работа, да ги ставам парите в џеб...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А за два и пол грама стрептомицин можеше да купиш една крава.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ај кажи ми ако знаеш, колку е тешко кенгуровото младенче? Ич не се изненади: 20 грама. Ете, таков е Врапче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе