гравитира несв.

гравитира (несв.)

Дали таму сѐ уште има некоја благородна субверзивна енергија или сѐ гравитира кон бедната естрада моделирана од ступидните медии?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не верувам дека е тоа поради комфор бидејќи целиот ваш став гравитира кон некомфорност, но тука има нешто.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Винстон, кој во нормални услови беше човек што обично гравитира кон надворешниот раб на каква и да е турканица, сега се туркаше, и со лактови си го пробиваше патот кон средината на толпата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Големото семејство продолжуваше да се раслојува и да се обновува во нови мали семејства кои продолжуваа да гравитираат сега околу Мајкиниот дом.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си ја избра самотијата останувајќи како мало семејно сонце околу кое требаше да гравитираат малите семејства на преостанатите тројца синови и на ќерката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Треба да ја цениме конструктивната критика, да најдеме начин да ги разбереме работите и да ги избегнеме грешките затоа што само така ќе ги направиме подобри нештата кои гравитираат околу нашето удобно опкружување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чаршијата, стара над пет века, остана микроуниверзум на едно исчезнато време, околу кој гравитираа некогашните еснафи, кои ги штителе еснафските интереси на сродните занаети, занаетчиите, но и муштериите купувачи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога тој го слушаше Климент Камилски како со одбрани патетични зборови зборува дека постои книга која треба да биде центар на библиотеката во систем околу кој гравитираат значењата на другите книги, како книга во другите книги, тој во себе наоѓаше убедлива потврда за моќта на својата теза за посебноста на секој поредок книги во сечија библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК