гоштава несв.

гоштава (несв.)

Единствената печалба што му ја печалаше Крсте на поп Петтка беа рибите со кои тој често се гоштеваше, та дури гости и пријатели чекаше со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зошто најпосле се дигнаа овие мирни селани против нас? — почна да се праша јузбашијата и го најде одговорот, во својата личност, кој му го откри самиот Толе: „вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За среќа на полчивци, на самиот јузбашија, а најповеќе за среќата на Толета и Митра, овој јузбашија се погоди некако разбран и „кретен" човек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Животот на печалба Оние од Сурдилица носеа печени пилиња, печеница, салами и обилно се гоштеваа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во неа никој немаше пристап, дури ни кучиштата, па мршојадите на мира се гоштеваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој ден повторно проштеваме, за пеколот во кој се наоѓаме, го вртиме и другиот образ, со нашата труд и мака, ѓаволот го гоштеваме.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)