гостопримство ср.

гостопримство (ср.)

А кога им велите: штом востанието е општо од сите македонски народности, тогаш зошто Комитетот заседава само во Бугарија, а не и во Србија, Влашко и на друго место, тие одговараат вака: Од тоа што комитетите заседаваат во Бугарија погрешно е да се прави заклучок дека македонските комитети се бугарски; за македонските комитети Бугарија не е ништо повеќе од една држава што им укажува гостопримство на Македонците и им дава слобода да работат слободно до колку таа работа не ѝ нанесува штета на државата, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едно време останаа тука сосема скучени, како некој да ги беше прибрал под стреа од нивната заталканост, која само по некоја среќа можела ете и да има крај и чиниш се чувствуваа незгодно од тоа гостопримство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овој марифет и Бегот им го препорача на селаните, но не зеде и не земаше веќе учество во селските работи, сметајќи се за виновен и компромитиран и молејќи ги да го остават малку понастрана и за нивно добро, бидејќи и Турците не ќе гледаат со добро око на него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако, по сите обиди за поправка, не можеле ништо да направат со колата и откако виделе дека таа ноќ не ќе го продолжат патот и мислеле каде да ноќеваат, им се приближиле маж и жена кои им понудиле и помош за колата и гостопримство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Вие го злоупотребувате нашето гостопримство... — За него многу ви фала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патрицијот имаше пријатели низ целото царство, и надвор од него – во Новгород, Стефан и Зосима ѓаконот, во Венеција браќата Винченцо и Паоло Пеголоти, чие гостопримство обилно им го возвраќаше кога тие го посетуваа во неговиот дом.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Имаше во мојата свест напластени наивни изговори во прилог на улогата да се патува во Албанија, наивни занеси дека таму, во родната земја, каде што Сталин уште владее, не можеле преку ноќ да ја убијат илјадалетната беса, големото гостопримство, постојано отворената врата за туѓинецот и безусловното жртвување и многу други вредности со луѓето макар што во вечна изолација и одбра­на се одржуваа, истрајуваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пловидба којзнае дали корените на флората се изворите на езерото дали билките ткаат космички страсти во твоите очи или на разбој дали се опоравува љубовта кога едриме дали сме тоа ние изненадени од гостопримството на сонцето дали преоѓаме еден во друг и гинеме ли изненадени не се креваат облаците и нискиот притисок со небото од исти работи боледуваме никогаш нема да го разбереме знакот на пловидбата будни како извори носиме студена струја струја.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со сличен нарав се, доблесни и полни со разбирање и гостопримство, чиниш душата ќе ти ја дадат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Александар почувствува олеснување, како кога некој несакан гостин ќе го напушти домот во кој му е укажано повеќе од потребното гостопримство.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)