горчлив прид.

горчлив (прид.)

И Кузман горчлив насмев сал на својот враг му прати.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Бодни, о поет, твојата муза да летне над раширен свет да пее со горчлива солза за гладни под ропски гнет.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Дождалци, горчливо рече. Тромави умови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа ли е тој горчлив потсмев на мртвите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Трепереше болен од нешто непознато и беше врел и горчлив од очниот вид.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се подигнуваше горчливо незадоволство и како со обрачи му се стегаа градите и главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги слушам чекорите на џелатот во темничниот ходник. Биди ми горчлив сведок!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А поминатата ноќ можеше да биде само онаа нишка, околу која, како во процесот на кристализирањето, се собираше сѐ за тие луѓе, кои тој сега ги гледаше од сите страни и во сите времиња и сега веќе горчливо си се потсмеваше себе си, кога ќе помислеше на својата самота, онака папсан од смеењето и испразнет од неговата експлозија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше едно проклетство, една горчлива судбина, една горчлива шега, која се прераскажуваше меѓу печалбарите од селата наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И баба му така му вели кога му дава да пие од оние горчливи лекови. Но Зоки ништо не вели на ова.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
9. Догорува летото во созвучја на горчлив алт.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Безутешно ве ниша горчлива молк од распукана земја И безбожно по секој ваш довик Се ниша сенка на море.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
10. Толку многу го засакав тоа небо Под кое погласно од звукот на поколението Осетив нешто горчливо и – тешко.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
„Ме отпишале“ - му помина низ главата горчлива мисла. Смееше ли да помисли такво нешто?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лежеше, седнуваше, стануваше, се обидуваше да откорне стракови папрат, ги маваше мравките што патуваа низ тревата, грицкаше горчливи тревки, а не знаеше зошто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И кога Толе еден ден дојде во Полчиште, Митра му ја остави пушката и четничките алишта на Бешот, се облече во женски алишта од ќерка му Петра, и отиде кај браќа си во Витолиште, да си ја оплакуна горчливата и несреќна љубов по арамијата Толета. ***
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А и тие сами видоа дека нема на што да се надеваат, та стиснаа раце и срце и се вратија, чекајќи си ја својата горчлива судбина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слушајќи го раскажувањето на Вера чувствував дека и јас безгласно плачам со горчливи солзи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Огништето му е изгаснато, Јачмен не врзува на неговата нива, Добиток пасе горчливи билки Меѓу урнатините на напуштениот дом.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Квечерина одново кога ѕирнав во книгата ми се стори дека побелеле, се смалиле, и позаспале како дечиња во постелата на книгата – ги покрив со темната покривка на моите горчиви години.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе